Наместо Заев, Димитров ќе учествува на „Отворен Балкан“

Наместо премиерот Зоран Заев, на иницијативата „Отворен Балкан“ утре и задутре во Белград ќе учествува вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров.

„Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година (среда и четврток), на кој што во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува заменик претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров“, соопштија од Кабинетот на Димитров.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и прес-конференција.

Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.

Заев се откажа од учеството поради оставката која ја поднесе во неделата.

Текстот Наместо Заев, Димитров ќе учествува на „Отворен Балкан“ е превземен од МАКФАКС.