Нани пак во Европа – големо засилување за Венеција!

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Португалецот Нани, се врати во европскиот фудбал по засилувањето на италијанскиот прволигаш Венеција.

35-годишниот Португалец е второ засилување во зимскиот преоден рок по донесувањето на младиот француски фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, Французинот Мишел Кузанс, а за Нани ова е враќање во Серија А, каде што помина една сезона на заем во Лацио.

Нани е најпознат за неговите осум години во Манчестер јунајтед, од 2007 до 2015 година, период во кој постигна 41 гол и освои четири титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите. Последните три сезони тој играше во американската МЛС-лига во тимот на Орландо.

Венеција е на 17. место во Серија А со еден поен пред Џенова, но и со натпревар помалку. Нани ќе биде достапен веќе о недела за мечот со Емполи.

Official. Former Orlando City winger Nani joins Serie A side Venezia, contract signed today. The Portuguese’s now back in Europe after MLS experience. 🇵🇹 #transfers pic.twitter.com/YYgV570kOI

— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 14, 2022

Текстот Нани пак во Европа – големо засилување за Венеција! е превземен од МАКФАКС.