Напиша книга за Швајцарецот, а сега тврди „Федерер нема веќе да се врати“

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер моментно паузира од тенисот, а последниот турнир што го одигра беше Вимблдон. По Лондон тој реши да земе одмор за да го оперира коленото.

Колумнистот на „Њујорк Тајмс“, Американецот Кристофер Клери, човекот кој детално ја следи кариерата на Федерер и кој напиша книга за него смета дека Швајцарецот тешко дека ќе се врати на терените.

„Не верувам дека ќе се врати. Верувам дека ќе разбере дека времињата се променија. Новите момци стигнаа, а тој што уште би можел да освојува, со 40 години?“ вели Клери.

Американецот смета дека и доколку успее повторно да заигра, тоа нема да е истиот Роџер.

„Можеби и ќе се врати, но тоа ќе е бавно и тешко враќање. Не мислам дека може се уште да освојува грен слемови и мислам дека нема да е среќен ако не добие шанса тоа да го направи“ вели Клери.

Федерер неодамна најави дека следната година му се враќа на тенисот, а прв турнир би можел да биде и Австралија опен.

Текстот Напиша книга за Швајцарецот, а сега тврди „Федерер нема веќе да се врати“ е превземен од МАКФАКС.