Народниот правобранител: Длабоко сочуство до семејствата на загинатите, очекуваме брза истрага

Сочувство за загинатите во трагичната несреќа во Бугарија испрати народниот правобранител.

„Моментите кога се случуват вакви трагедии се моменти кога сите ние остануваме без зборови, вџашени од загубата на човечките животи. Потресните слики што доаѓаат од местото на несреќата нѐ прават тажни, а вестите дека згаснаа голем број млади животи оставаат горчина.

Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на загинатите патници и воедно се надеваме на брза и ефикасна истрага, која само за миг ќе биде еден вид на утеха за згаснатите животи.

Ова е голема трагедија, која нѐ погоди сите нас, кои најискрено жалиме за смртта на патниците“, додаваат од канцеларијата на народниот правобранител.

Текстот Народниот правобранител: Длабоко сочуство до семејствата на загинатите, очекуваме брза истрага е превземен од МАКФАКС.