Навивач на клубот му оставил 250.000 фунти, доби статуа на главната трибина

Членот на англиската четврта лига, Рочдејл, на „супернавивачот“, кој почина минатата година на 78-годишна возраст, му направи статуа вредна 10.000 фунти. Дејвид Клоф целиот свој живот бил најголемиот навивач на Рочдејл.

„Супернавивачот“, кој работниот век го минал во фурна Витлис во Литлбороу, во тестаментот се што поседувал му оставил на клубот.

Недвижностите и имотот се вредни 250.000 фунти. Клубот од тие пари инсталирал нови клима уреди, електронски семафор, нови таваници и кров во ВИП делот на стадионот.

Останатите навивачи на Рочдејл решиле да му се оддолжат на Клоф. Тие собрале 10.000 фунти. Од тие пари му подигнале статуа, која викендов била поставен на главната трибина.

Текстот Навивач на клубот му оставил 250.000 фунти, доби статуа на главната трибина е превземен од МАКФАКС.