Нема непоразени во НБА лигата

Изминатата ноќ во НБА лигата, Јута Џез го доживеаја првиот пораз во сезоната. Џезерите паднаа во „Јунајтед центар“ во Чикаго. Булс славеа со 107:99.

Чикаго го презедоа водството во третиот предност, потоа одигра одлично во решавачката четвртина и ја забележаа петтата победа во сезоната. Булс се лидери на Истокот, заедно со Њујорк, Мајами и Ваштингтон.

Демар Дерозан постина 32, Зек Лавин 26 поени, а Никола Вучевиќ повторно забележа дабл-дабл (16 поени, 12 скока).

На спротивната страна се истакнаа Донован Мичел со 30 поени, односно Руди Гобер со 17 поени и 19 скокови.



Текстот Нема непоразени во НБА лигата е превземен од МАКФАКС.