Нема плата ако се заразиш, а не си вакциниран

Фудбалскиот клуб Херта, на јавноста и соопшти дека не вакцинираните фудбалери кои ќе се заразат со вирусот Ковид-19, нема да добиваат плата во периодот што ќе го минат во карантин.

„Решивме да од 2.ноември, двајца играчи кои не се вакцинирани, да не ја добијат платата за оние денови што ги минаа во карантин“, соопшти клубот од Берлин.

Клубот, на почетокот на октомври, донесе одлука, невакцинираните сами да си ги плаќаат ПЦР тестовите. Херта оваа година неколку пати ја погоди коронавирусот, но како што објави клубот речиси сите фудбалери се вакцинирале.

Текстот Нема плата ако се заразиш, а не си вакциниран е превземен од МАКФАКС.