Нема прегласување во Желино, судот ја прифати тужбата на Беса

Управниот суд ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107  во Општина Желино, што значи дека во оваа општина нема да има прегласување. Државната изборна комисија во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ за прегласување во оваа општина.

Кандидатот на Беса, Блерим Сејди, победи со 69 гласа предност пред кандидатот на ДУИ, Фатмир Изаири.

Минатата недела генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, изјави дека со приговорот за гласањето по вториот круг од локалните избори во Желино коалицискиот партнер ДУИ им забиле нож во грб.

„Јас како министер нема повеќе да бидам дел од тоа владејачко мнозинство. Не можам да се гледам со тие луѓе на маса кога се подготвени нож во грб да му забодат на коалициски партнер кој цела година буквално со сите неправилности стоел само заради големата слика. Очигледно, ДУИ не ја интересира големата слика туку повеќе другите работи, како што е ова со Желино, да направи кризи и слично. Мислам дека е време пополека и тие да се подготват да менуваат“, рече Хоџа.

Текстот Нема прегласување во Желино, судот ја прифати тужбата на Беса е превземен од МАКФАКС.