Нема причина за паника, Агуеро се чувствува добро

Фудбалскиот клуб Барселона, објави каква е ситуацијата со Серхио Агуеро. Аргентинецот, во 41.минута, се фати за градите, лекарите влетаа на теренот, тој им се пожалил дека срцето му работи забрзано.

Агуеро ја напушти играта и веднаш е префрлен во болницата во Барселона.

Клубот соопшти дека напаѓачот се чувствува добро, но дека ќе остане во болница и во текот на денот ќе му бидат направени дополнителни тестови.

Текстот Нема причина за паника, Агуеро се чувствува добро е превземен од МАКФАКС.