Неочекуван пресврт – Мбапе ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Француските медиуми „RMC“ и „Теlefoot“, најавуваат спектакуларен пресврт во „случајот Килијан Мбапе“. Според овие извори, Мбапе и ПСЖ преговарат околу новиот договор.

Можно ли е Реал Мадрид да извиси во трката за потписот на Мбапе? Насер Ел Келаифи и Леонардо по се изгледа ќе го надмудрат Флорентино Перез, кој беше сигурен дека бесплатно ќе го добие младиот напаѓач.

ПСЖ ќе му ги исполни желбите на Мбапе. Најпрвин ќе му понуди краткорочен договор, не подолг од две години. Второ ќе ја добир најголемата плата во свето на фудбалот и како трето, од наредната сезона во ПСЖ ќе го тренира Зинедин Зидан.

Текстот Неочекуван пресврт – Мбапе ќе го продолжи договорот со ПСЖ е превземен од МАКФАКС.