Нешков: Политичарите во Скопје и во Софија треба да најдат решение на проблемот

„Заев најави дека ќе поднесе оставка, но тaa се уште не е факт… Постои веројатност истата да не се случи, но претпоставувам дека може да има нов премиер на чело на оваа коалиција“, изјави за Бугарското национално радио новинарот Љубчо Нешков, сопственик на информативната агенција БГНЕС.

Тој објасни дека имало многу клучен состанок на сите учесници во коалициската влада на Зоран Заев во понеделникот (1-ви ноември) и веста е дека тие категорично одбиле да ја поддржат неговата оставка:

„Албанските формации, без исклучок, биле особено категорични во ова. Ова е многу важно, бидејќи во РСМ постои непишано правило дека секој што сака да ја води државата мора да има албански коалициски партнер. Во моментов има неколку партии во албанскиот блок и сите тие ги поддржуваат Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Зоран Заев“, вели Нешков.

Според Нешков, веќе се можни секакви опции, вклучително и назначување на Албанец премиер во следните 100 дена.

Љубчо Нешков ја коментираше Данела Арсовска, победничката во градоначалничката трка за Скопје и прогнозира дека многу брзо ќе стане, од кого е зависна таа.

За ВМРО-ДПМНЕ, Нешков потсети дека во предизборната кампања, а и во последните 2 години се потпирала на ветувањето дека ќе го врати името на државата:

„Никогаш Северна, секогаш Македонија – тоа беше нивниот слоган. Ако вака продолжи, се плашам дека изгубените 30 години ќе станат повеќе за нашиот југозападен сосед“.

Нешков ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори, прецизирајќи дека и да има – тие нема да се одржат во наредните месеци.

Љубчо Нешков во емисијата „Нешто повеќе“ изрази збунетост зошто ниту една бугарска политичка партија не го коментирала она што се случува во РСМ.

„Главното прашање пред нас е нормализирање на билатералните односи, почитување и спроведување на Договорот, откажување од говорот на омраза, прекинот на фалсификувањата. Овие прашања не треба да се одложуваат. Во моментов има манифестација на агресија која доаѓа на површина, тоа не треба да се случува и не треба да учествуваме во проекти насочени кон конфронтација меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Политичарите да не ни објаснуваат под каков притисок се и колку им е тешко. Ако се плашат од притисоци да не се кандидираат на избори. Ги избираме за да ги решaваат проблемите. Политичарите и во Скопје и во Софија мора да најдат решение“, дециден е Љубчо Нешков.

Извор: tribuna.mk