Несреќа во Грција: Се урна авион, две лица загинаа

Две лица загинаа откако претпладнево се урна мал авион во селото Хариа, во близина на Пиргос во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Причините за падот се сè уште непознати, а според дел од грчките медиуми станува збор за авион за обука.

На местото на несреќата првично пристигнало локалното население, а потоа, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, и 14 пожарникари со шест возила, кои ги лоцирале остатоците од авионот и ги извлекле безживотните тела на двајцата патници.

Извор: zoom.mk