Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер

УХМР издаде вонредно предупредување за невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Во делови од земјава ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, а повеќе услови има во северозападните делови. Во ноќните часови ќе има стабилизирање на времето.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Наредните денови, под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен.

Текстот Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер е превземен од МАКФАКС.