Ники Хилтон со мајката Кети на годишната гала „Ноќ на ѕвездите“

Во средата вечер Њујорк ја собра модната елита на едно место по повод наградите за модна авангарда Fashion Vanguard доделени на годишната гала „Ноќ на ѕвездите“.

Ники Хилтон и нејзината мајка Кети беа само некои од многуте познати лица кои присуствуваа на синоќешната свеченост во Њујорк.

Дуото мајка-ќерка им ја врачи на дизајнерите на „Оскар де ла Рента“ Лора Ким и Фернандо Гарсија посакуваната модна награда Fashion Vanguard Award за време на годишната свеченост.

Ники донесе гламурот во црвен фустан до подот, со лажна јака на вратот и широк отвор во пределот на градите.

Текстот Ники Хилтон со мајката Кети на годишната гала „Ноќ на ѕвездите“ е превземен од МАКФАКС.