„Никој не побара од мене да играм бесплатно. Би сакал еден ден да се вратам во Барселона“

Лионел Меси, во интервју за каталонски „Спорт“, најавил дека еден ден ќе се врати во Барселона, но не како играч, туку како дел од раководството на клубот.

Барселона, во летниот преоден рок, притисната од големите долгови не беше во можност да му понуди нов договор. Аргентинецот, од неколкуте понуди, ја избра онаа на ПСЖ. Во Париз се пресели како слободен играч, потпиша две годишен договор со можност тој да биде продолжен на уште една година.

„Секогаш говорев дека сум подготвен да му помогнам на клубот. Би сакал во еден момент да станам технички директор. Го сакам тој клуб, му посакувам се најдобро. Сакам да продолжи да се развива и да биде најдобар во светот“, рекол Меси.

Во интервјуто тој го изразил незадоволството од зборoвите на претседателот Џоан Лапорта, кој кажа дека Меси требало да остане и да игра бесплатно за Барселона. „Вистината е дека дадов сѐ од себе за да останам и дека никогаш не ме прашаа да играм бесплатно. Ме прашаа да ја намалам платата за 50 отсто и го прифатив тоа. Ние бевме во позиција да му помогнеме на клубот. Никој, никогаш не ме праша да играм бесплатно. Не се вистините зборовите на Лапорта. Тоа ме боли, не трeбаше да го каже тоа. Ги тера луѓето да се сомнeваат во мене, мислам дека не го заслужувам тоа“, рекол Меси.

Текстот „Никој не побара од мене да играм бесплатно. Би сакал еден ден да се вратам во Барселона“ е превземен од МАКФАКС.