Норич го победи Евертон, само бод за Њукасл против Вотфорд

Три натпревари се одиграа во Премиер лигата, во попладневната програма, во рамките на 21.коло. Њукасл и Вотфорд, во дербито на давениците ремизираа, Норич ја продлабочија кризата на Евертон, а Вулверхемптон го победија Саутемптон.

Трите натпревари ги обележаа брилијантните голови на Сен Максиман (Њукасл) и Ришарлисон (Евертон). Дуелот Норич и Евертон (2:1), ќе се прераскажува и по инцидентот во првиот дел, кога навивач на клубот од Ливерпул, при водство на Норич 2:0, влезе на теренот во обид фзички да се пресмета со тренерт Рафаел Бенитез.

This is all on you Moshiri, why oh why did you bring Benitez to Everton Football Club. Every football fan up and down the country with half a brain cell knew how this would end 😫🤬 pic.twitter.com/8BgMcd0juA

— Obstructed View (@ObstructedView9) January 15, 2022

Резултати: Вулверхемптон-Саутемптон 3:1, Њукасл-Вотфорд 1:1, Норич-Евертон 2:1.

Текстот Норич го победи Евертон, само бод за Њукасл против Вотфорд е превземен од МАКФАКС.