Норвешка првпат по 24 години ја победи Шпанија!

Норвешка ја прекина низата од 17 победи едноподруго на шпанската ракометна репрезентација, победувајќи ги 27:23 (14:11) за да си ги зголемат шансите за полуфинале на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ова исто така е прва победа на Норвешка над Шпанија во последните 24 години, серија во која имаа 11 порази едноподруго од „фуријата“. Последен пат Норвежаните славеле над фаворитот во 1998 година.

Себастијан Бартолд заврши со шест постигнати гола, Магнус Гулеруд постигна четири, додека за Шпанија ветеранот Хорхе Македа имаше шест гола.

Пред последното коло во групата, Норвешка, Шпанија и Шведска имаат по 6 поени, а само првите две места носат во полуфинале, за кое најверојатно ќе одлучува меѓусебниот дуел помеѓу Норвешка и Шведска, додека Шпанците играат со веќе отпишаните Полјаци.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4106-36556”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Норвешка првпат по 24 години ја победи Шпанија! е превземен од МАКФАКС.