Нова опасност во Индија, се шири вирусот зика

Најмалку 89 лица, меѓу кои 17 деца, се позитивни на вирусот „Зикa“ во индискиот град Канпур, соопшти денеска здравствениот оддел на тој град.

За прв пат откриен во 1947 година, вирусот „Зика“ што го пренесуваат комарците достигна епидемиски размери во Бразил во 2015 година, кога илјадници бебиња беа родени со микроцефалија, нарушување што предизвикува бебињата да се раѓаат со ненормално мали глави и неразвиен мозок.

„Има зголемување на бројот на случаи на вирусот „Зика“ и здравствениот оддел формираше неколку тимови за борба против ширењето на болеста“, изјави Непал Синг, главен медицински службеник во областа Канпур во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.

Првиот случај на вирусот „Зика“ во индустрискиот град Канпур беше откриен на 23 октомври, но бројот на заболени се зголеми во текот на изминатата недела.

Текстот Нова опасност во Индија, се шири вирусот зика е превземен од МАКФАКС.