Нови проблеми за Цукерберг: веќе постои компанија што се вика „Мета“

Уште една пречка за ребрендирање на „Фејсбук“ дојде откога беше откриено дека веќе постои компанија со име „Мета“.

Тоа е компанијата Meta PC („Мета компјутери“) со седиште во Аризона, која продава десктоп-компјутери, лаптопи и технолошки софтвер.

Основачите Џое Даргер и Зак Шат во август поднеле барање за заштита на името „Мета“. Двајцата работат на мета-компјутерот нешто повеќе од една година, но претходно не презеле правна постапка и не го заштитиле името на компанијата.

Според светските медиуми, нивното барање сè уште не е одобрено, но тоа не ги спречило да му кажат на ТМЗ дека нема да му го продадат името на Цукерберг за помалку од 20 милиони долари доколку реши да го купи од нив.

Тие на својот твитер-профил решија да се пошегуваат со целата ситуација, па споделија фотографија на која Цукерберг го држи нивниот компјутер, а потоа и шега дека нивното ново име е „Фејсбук“ откако Цукерберг ја објави промената во „Мета“.

По ситуацијата со „Фејсбук“, компанијата „Мета пи-си“ бележи зголемување на бројот на следачи на социјалните мрежи за пет отсто, пишуваат американските медиуми.

Текстот Нови проблеми за Цукерберг: веќе постои компанија што се вика „Мета“ е превземен од МАКФАКС.