Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/24часа) и ќе бидата проследени со засилен јужен ветер особено во Повардарието и на повисоко.

Во попладневните часови врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд кој попладне ќе престанува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Текстот Облачно и посвежо со врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.