Обрадовиќ се прости од Дуда: Тој човек ми беше сè

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше еден од тренерите и кошаркарите што говореа на комеморацијата по повод смртта на Душан (Дуда) Ивковиќ, кој почина на 78 години во четвртокот.

„Отиде човекот кој ми беше сè – тренер, учител, ментор, кум, пријател. И тоа не само на мене. Не сакам да зборувам за Дуда како за тренер и за тоа што остави зад себе, за титулите и за трофеите, бидејќи за тоа е кажано многу. Сите што работеле со него знаат дека тој им помогнал да станат и подобри играчи и подобри луѓе. Минатиот четврток рано наутро Нена ме разбуди со вестите дека веќе го нема. Бев во шок, полн со емоции, но знаев дека морам да одам да работам со кошаркарите и во главата го имав тоа што Дуда ме учеше – да не види никој што се случува. По тренингот, не можев да ја запрам мојата Ања да плаче. Го собрав и синот Ѓорѓе да одиме кај Нена. Мојот син има 21 година и никогаш не сум го видел потажен“, говореше Обрадовиќ.

Освен него, зборуваше и претседателот на Српскиот кошаркарски сојуз (КСС), Предраг Даниловиќ.

„Нашиот сојуз и кошаркарската историја не би била исти без Дуда. Кошарката не беше дел од неговиот живот, туку беше неговиот живот. Многу тешко ни падна на сите и ќе го сакам засекогаш него и неговото семејство. Секогаш ќе остане мој селектор“, изјави Даниловиќ.

Текстот Обрадовиќ се прости од Дуда: Тој човек ми беше сè е превземен од МАКФАКС.