Од 1 декември Австралија ќе им дозволи на целосно вакцинираните лица да влезат во земјата

Австралија ќе дозволи целосно вакцинирани лица, кои ги исполнуваат условите, да влезат во земјата од 1 декември, без да аплицираат за изземање од патување, изјави денеска премиерот Скот Морисон.

Морисон исто така презема дополнителни чекори за да ги рестартира меѓународните патувања во Австралија, а од почетокот на декември ќе им дозволи и на целосно вакцинираните граѓани на Јапонија и Јужна Кореја да влезат во земјата.

Најголемите австралиски градови, Сиднеј и Мелбурн, ги отворија своите граници за меѓународните патници од 1 ноември иако олеснувањето на правилата за влез е од корист само за граѓаните што се враќаат и за постојаните жители.

Текстот Од 1 декември Австралија ќе им дозволи на целосно вакцинираните лица да влезат во земјата е превземен од МАКФАКС.