Од сите спортисти во Пекинг, само Кумер не е вакцинирана

Репрезентативката на Швајцарија во сноуборд, Патриција Кумер, е единствената невакцинирана спортистка на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Кумер мина задолжителни три недели во изолација по влегувањето во Кина. Одлуката невакцинирана да настапи во Пекинг ја донела пред една година.

„Не сум противник на вакцината, но имам неколку причини зошто не се вакцинирав. Причините би сакала да ги задржам за себе“, рекла Кумер, која пред пет дена била префрлена во Олимпиското село.

„И понатаму сум во изолација во мојата соба, можам само да тренирам надвор на снегот. Во соба ми носат храна и ме тестираат двапати на ден“.

Кумер е олимписка шампионка од Сочи во паралелен велеслалом. Во оваа дисциплина таа ќе се натпреварува на 8 февруари.

Текстот Од сите спортисти во Пекинг, само Кумер не е вакцинирана е превземен од МАКФАКС.