Олимписка шампионка од брзо лизгање се префрли на велосипедизам

Карлијн Ахтеректе, олимписка шампионка од 2018 година во брзо лизгање на 3.000 метри, реши да го смени спортот. Холанѓанката реши да му се посвети на велосипедизмот. Таа во наредниот период ќе се натпреварува за клубот Џамбо-Висма, кој беше нејзин клуб и во брзо лизгање.

„Завршив со лизгањето, но не и со спорт“, рече 32-годишниот Ахтеректе и додаде дека „амбициозна сум, не сакам да возам само за забава. Сакам да победувам“.

Ахтеректе оваа година учествуваше и на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа го освои седмото место на 3.000 метри.

„Отсекогаш сум сакала да возам велосипед, но лизгањето ми одеше добро. Немаше причина ништо да се промени. Сега дојде време и верувам дека ќе имам многу успеси како професионален велосипедист“, изјави Ахтеректе.

Текстот Олимписка шампионка од брзо лизгање се префрли на велосипедизам е превземен од МАКФАКС.