Опожарено „ауди“ во Чаир

Автомобил „ауди а4“ изгорел синоќа во скопската населба Чаир.

Возилото било во сопственост на Н. Ф. (63) од Скопје, информираат од полицијата.

„Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле разговор со Н. Ф., при што тој појаснил дека возилото било старо и не било користено долго време, а пожарот, најверојатно, избувнал од спој на електрична инсталација“, наведе МВР.

Текстот Опожарено „ауди“ во Чаир е превземен од МАКФАКС.