Орбан, Моравјецки и Салвини во разговори за формирање нова политичка групација во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа видеоконференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и Матео Салвини, лидерот на Италијанската лига, посветена на основањето нова политичка групација во Европската Унија, изјави портпаролот на Орбан.

Неделава ќе ги продолжат преговорите за соработка, нагласи тој.

Орбан, Салвини и Моравјецки го истакнаа и успехот на декларацијата за иднината на Европа, заштитата на националните држави и традиционалните вредности, која во јуни ја објавија 16 партии, рече Берталан Хаваси.

Неколку партии и политички организации изразија интерес за потпишување на документот, пренесуваат медиумите.

Во декларацијата, потпишана претежно од екстремно десничарски партии, се предупредува за обидите да се создаде „наднационална европска држава“ во ЕУ и се повикува на заштита на европските вредности, како што е улогата на традиционалното семејство и на христијанските вредности како темели на Европа.

Текстот Орбан, Моравјецки и Салвини во разговори за формирање нова политичка групација во ЕУ е превземен од МАКФАКС.