„Оскарите“ скратија осум категории од преносот во живо

Академијата прави храбар потег во обид да се врати од најлошата гледаност на сите времиња, укинувајќи осум од 23. категории од директниот пренос.

Осумте категории во кои доделувањето златни статуетки нема да се емитува во живо се: краток документарен филм, филмска монтажа, шминка/фризура, оригинална музика, продукциски дизајн, краток анимиран филм, краток игран филм и звук, иако фановите ќе ги видат наградите за овие и за секоја друга категорија.

Наместо тоа, овие осум категории ќе бидат доделени во театарот „Долби“ еден час пред емитувањто во живо, а потоа ќе бидат монтирани или вметнати во директниот пренос, објави „Холивуд репортер“.

„Сите наградени во која било категорија ќе го имаат славеничкиот Оскар-момент што го заслужуваат на сцената на Долби и пред воодушевена публика“, стои во писмото на Академијата.

Вестите не им се допаднаа на многу фанови, кои веднаш се огласија на Твитер и ја критикуваа Академијата затоа што не се фокусира на филмовите што ги наградува.

Текстот „Оскарите“ скратија осум категории од преносот во живо е превземен од МАКФАКС.