Османи – Матуела: Неопходна е јасна политичка порака за европска иднина на земјите од регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.

Соговорниците направија преглед на постигнатиот напредок во поглед на имплементација на агендата поврзана со ЕУ, а се осврнаа и на актуелниот статус на нашето европско досие.

На состанокот стана збор и за текот на подготовките, клучните теми и очекуваните резултати во врска со октомврискиот самит ЕУ – Западен Балкан во рамките на словенечкото претседателство со ЕУ, при што беше оценето дека самитот мора да испрати јасни политички пораки за иднината на земјите од Западен Балкан во однос на ЕУ.

Текстот Османи – Матуела: Неопходна е јасна политичка порака за европска иднина на земјите од регионот е превземен од МАКФАКС.