Оставката на Заев сè уште не е доставена во Собранието

Оставката на премиерот Зоран Заев сè уште не е официјално испратена до Собранието.

Од Собранието информираат дека премиерот на ја доставил оставката, па затоа на денешната координатива средба кај претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не станало збор за следните чекори.

На средбата во Собранието се зборувало за тоа колку пратеници станаа градоначалнници и за констатацијата на нивните оставки и влез на нови пратеници на нивното место. Станува збор за четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ,еден од СДСМ и еден од Беса.

Текстот Оставката на Заев сè уште не е доставена во Собранието е превземен од МАКФАКС.