Откриени 13 мигранти од Сирија, приведени две лица

Во автомобил на патот Гевгелија – Скопје полицијата откри 13 мигранти од Сирија, а приведени се две лица.

Според информациите на МВР, ноќеска околу 1:30 часот, полициски службеници ги привеле Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци.

На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Миравци, во возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Откриени 13 мигранти од Сирија, приведени две лица е превземен од МАКФАКС.