Пад на бројот на заразени со ковид-19, вчера без починати лица

Државата, веќе неколку денови по ред, бележи тренд на намален број на новозаболени со ковид-19. Во вчерашната статистика од Министерството за здравство (МЗ) беа регистрирани осум новозаболени, а немаше починати пациенти.

Вкупно 3.265 тестирања беа направени во текот на вчерашниот ден. Од осумте новозаболени, тројца заразени се во Скопје, двајца во Струмица и по еден во Куманово, во Велес и во Кичево. Притоа беа регистрирани 72 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 23, од Куманово, од Прилеп и од Кичево – по 7, од Гостивар и од Охрид – по 6, од Битола – 5, од Тетово – 4, од Радовиш – 3, од Штип – 2 и од Струмица и Дебар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.624. Бројот на оздравени пациенти е 149.862, а на починати е 5.475. Во моментот има вкупно 287 активни случаи.