Падна Твитер во САД, Велика Британија и Нов Зеланд

Социјалната мрежа Твитер падна во некои земји, па илјадници корисници ширум светот пријавуваат проблеми што ги имаат кога се најавуваат на нивниот профил преку веб-страница или апликација.

Проблемите почнале вечерва околу 18.50 часот, а ги почувствувале корисници од САД, Велика Британија, Нов Зеланд и некои други земји, објави „Дејли мејл“.

Засега не е познато што го предизвикало падот и кога корисниците ќе го вратат пристапот до социјалната мрежа.

Текстот Падна Твитер во САД, Велика Британија и Нов Зеланд е превземен од МАКФАКС.