Пак проработе „англиската врска“ за Рома на Мурињо, следуваат Интер!

Теми Абрахам имаше една асистенција и го постигна својот 15. гол во дресот на Рома оваа сезона, за да го предводи тимот на Жозе Мурињо до камбек 3:1 победа над второлигашот Лече во осминафиналето на Копа Италија.

Артуро Калабрези ги шокираше Рома во 14. минута од мечот за неочекувано водство на Лече, пред во 40. минута, Абрахам да му асистира на Мараш Кумбула за израмнување. Пласманот во четврт-финалето беше обезбеден преку Абрахам во 54. минута од мечот, по што замената Елдор Шомуродов ги постави конечните 3:1 во 81. минута од дуелот.

„Награда“ за пласманот во четврт-финалето за Мурињо ќе биде домашен меч со неговиот поранешен клуб Интер, кому славно му ја донесе тројната титула пред повеќе од една деценија.

Текстот Пак проработе „англиската врска“ за Рома на Мурињо, следуваат Интер! е превземен од МАКФАКС.