Папата повика на дијалог за решавање на тензиите околу Украина

Папата Франциско повика на сериозен меѓународен дијалог за решавање на тензиите меѓу Русија и Украина и ги повика двете страни да избегнуваат вооружени конфликти.

Ова е првиот коментар на папата во врска со тензиите меѓу Западот и Русија околу прашањето за Украина, наведува Ројтерс.

„Оружјето не е начин. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина“, рече папата во неделното обраќање до илјадниците верници собрани на плоштадот Свети Петар во Рим.

Текстот Папата повика на дијалог за решавање на тензиите околу Украина е превземен од МАКФАКС.