Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните избори во Русија, ова се податоци според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија на таа земја, врз основа на 25.03 проценти од пребројаните гласови.

Според резултатите на руската ЦИК, уште четири партии го поминаа прагот од пет проценти за влез во Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, пренесуваат руските агенции.

Комунистичката партија на Руската Федерација доби 22,31 отсто од гласовите, Либерално -демократската партија на Русија 8,5 отсто, Само Русија 7,32 отсто, а Новата народна партија 6,58 отсто.

Изборите за руската државна Дума започнаа во петокот, на 17 септември, а гласањето заврши синоќа.

Покрај Думата, се гласаше и за гувернерите на девет руски региони, како и за составот на 39 локални и регионални парламенти.

Според Централната изборна комисија и руски и меѓународни експерти, изборите се одржале без сериозни прекршувања.

Текстот Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија е превземен од МАКФАКС.