Пецаков ja слави победата во Охрид: Ќе работам за сите

Илјадници поддржувачи на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ, излегоа на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот.

Со факли и македонски песни, како и македонски знамиња, се прославува во градот.

Таму освен кандидатот, прустен е и Сашо Донев, носител на советничката листа кој ги поздрави присутните и рече:

„Победивме со 4.500 гласови разлика. Аирлија. Градоначалник е Кирил Пецаков“.

„И покрај сите притисоци, уцени, поткупи, ние денеска победивме. Победија охриѓани, Македонија. Да бидете горди сите, денеска радувајте се и бидете среќни. На никого ништо не му должиме. Имаме една голема тежина, должиме на охриѓани. Вечерва ќе славиме, од утре ќе работиме. Ќе докажеме дека сме различни од сите пред нас“, рече Донев.

Присутните на плоштадот го поздравија Пецаков со скандирање: „Пецак, Пецак, ВМРО-ДПМНЕ“.

„Често говорев дека нема да ве разочарам, сега ќе кажам благодарам од сѐ срце. Поминавме уште еден непотребен круг. Оваа власт ни покажа зошто е време да замине во историја. И замина. Поразен е режимот. Во овие четири години се соочивме со притисоци и нервози, бевме потценувани и маргинализирани. Ние сите заедно, работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Македонија победи“, рече Кирил Пецаков.

Текстот Пецаков ja слави победата во Охрид: Ќе работам за сите е превземен од МАКФАКС.