Пелистер подобар од Осиек во АБА 2-лигата

Македонскиот претставник Пелистер стигна до третата победа во АБА2-лигата откако на првиот меч од последниот турнир го совлада Осиек со 97:78 во дербито. Битолскиот тим имаше негатива по првиот период (19:24), но ја презеде предноста до полувремето, а потоа обезбеди и голема разлика.

Кесар и Малешевиќ постигнаа по 16 поени кај Пелистер, 13 имаше Николиќ, а 10 поени уфрли Стајиќ.

Следен противник на Пелистер е Хелиос, а мечот се игра за два дена. Утре, првиот дуел го игра МЗТ Скопје Аеродром.

Текстот Пелистер подобар од Осиек во АБА 2-лигата е превземен од МАКФАКС.