Пенал победи за Ливерпул и Челси, Арсенал лесно со Саутемптон

Фаворизираните Ливерпул и Челси од белата точка ги скршија своите противници Астон Вила и Лидс, во 16.коло во Премиер лигата. Водечките три екипи: Манчестер сити, Ливерпул и Челси ги делат два бода. Ритинска победа во ова коло, без капитенот Обамејанг, забелжаа фудбалерите на Арсенал против Саутемптон.

Стивен Џерард се врати на „Енфилд“, како менаџер на Астон Вила и не успеа да избори позитивен резултат.

Пресудени моментот од 67.минута, кога Мингс направи прекршок врз Салах. Најстрогата казна ја реализираше Египѓанецот.

За Челси против Лидс, судијата Каванах досуди два пенали, вториот во 94.минута. Жоржињо го реализираше за победа 3:2. На полувреме беше нерешено 1:1, Рафиња од пенал погоди за Лидс, а Маунт за Челси. Жоржињо од пенал го комплетираше пресвртот во 58.минута, а во 83. тинејџерот Гелхарт го замразна „Стенфорд Бриџ“ кога израмни на 2:2.



Арсенал со головите на лаказет, Одегард и Габриел чесно го победи Саутемптон со 3:0.

Текстот Пенал победи за Ливерпул и Челси, Арсенал лесно со Саутемптон е превземен од МАКФАКС.