Пендаровски на средба со претставници на Управата за финансиско разузнавање

Претседателот Стево Пендаровски ги прими Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање, и претставници на Управата.

На средбата се разговараше за тековната работа на Управата и за активностите во насока на спречување перење пари и финансирање тероризам, како и напорите за натамошно зајакнување на сопствените кадровски и технички капацитети на оваа институција.

Претставниците на Управата го информираа претседателот Пендаровски и за тековната соработка и за координацијата меѓу сите институции вклучени во системот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

На средбата се разговараше и за меѓународната и регионална соработка на Управата во насока на размена на информации и искуства.

Текстот Пендаровски на средба со претставници на Управата за финансиско разузнавање е превземен од МАКФАКС.