Пендаровски: Очекувам надлежните да ги утврдат причините за трагедијата која не се памети досега

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата на загинатите луѓе во трагичната несреќа, што ноќеска се случи во Бугарија а во која загинаа 46 луѓе.

„ Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија.

Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која не се памети во нашата понова историја.

Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените“ порача Пендаровски.

Текстот Пендаровски: Очекувам надлежните да ги утврдат причините за трагедијата која не се памети досега е превземен од МАКФАКС.