Пендаровски прими трета доза од вакцината против коронавирусот

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја прими третата доза вакцина против коронавирусот.

„Масовната вакцинација е најсигурниот и најбезбеден начин за справување со Ковид-19. Денеска, заедно со вработените во Кабинетот на претседателот ја примивме третата доза вакцина. Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето и здравјето на другите“, напиша тој во објава на својот фејсбук-профил.

Текстот Пендаровски прими трета доза од вакцината против коронавирусот е превземен од МАКФАКС.