Претседателот Стево Пендаровски телефонски разговараше со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Претседателот Пендаровски му честита на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.
Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во пресрет на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.
Во тој контекст претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Македонија за негово интензивирање во наредниот период.
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.
Текстот Пендаровски телефонски разговараше со Радев е превземен од МАКФАКС.