Пензионер пријавил дека го нападнал вработен во судската полиција

Во попладневните часови на 18 септември, 71-годишен скопјанец со иницијали Љ.К, во полиција пријавил напад пред влезот на Управниот суд – Скопје.

Според пријавителот, околу 12 часот на улицата Орце Николов, пред влезот на судот, тој бил физички нападнат oд лице вработено во судската полиција.

За настанот известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот Пензионер пријавил дека го нападнал вработен во судската полиција е превземен од МАКФАКС.