Пеп: Стерлинг во Барса? Немам поим!

Чави Ернандез вчера и официјално беше претставен како нов тренер на Барселона, а шпанските медиуми веќе почнаа со шпекулациите за тоа кој од фудбалерите што играат во силни клубови би можел кариерата да ја продолжи на „Ноу Камп“ и тоа уште во зимскиот преоден рок.

Како најсериозно име се споменува англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг. Каталонските новинари го прашаа стратегот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола што мисли за тоа.

Инаку тој моментно е во Каталонија каде вчера дојде да му даде поддршка на својот поранешен соиграч – Чави.

„Стерлинг во Барса? Искрено, немам поим! Не знам ништо за тоа, а и да знам сигурно не би ви кажал. Ако Барселона е заинтересирана за некој наш играч, сигурно дека може да го доведе затоа што секој играч сонува да биде дел од Барселона. Имаат име и моќ да доведат било кого“ вели шпанскиот тренер.

Текстот Пеп: Стерлинг во Барса? Немам поим! е превземен од МАКФАКС.