Пер: Гајле ми е што невакцинираните нема да играат на Австралија опен

Францускиот тенисер, Беноа Пер кој е 47. светски тенисер изјави дека не му е грижа што оние тенисери кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид 19 нема да може да настапат на грен слем турнирот Австралија опен во јануари следната година.

„Во Мелбурн веќе нема карантин – ако си вакциниран. За оние кои не се вакцинирани, гајле ми е. Ако не сакаат да играат, уште подобро за мене. Јас сум мотивиран и сакам да имам добра сезона следната сезона. Ако има такви кои не сакаат да се вакцинираат, нека си останат во Европа, тоа не е мој проблем. За да отидеш во Австралија мора да си вакциниран, јас сум и се радувам што ќе играм на АО“ рече Пер кој вчера беше елиминиран уште во првото коло на АТП турнирот во Париз.

Бранителот на титулата во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ и победникот на САД опен, Данил Медведев се уште не откриваат дали се вакцинирани.

Рафаел Надал јавно ја поддржа вакцинацијата и се надева дека ќе е подготвен за настап во Австралија.

Текстот Пер: Гајле ми е што невакцинираните нема да играат на Австралија опен е превземен од МАКФАКС.