Песков: Ќе користиме нуклеарно оружје, само ако биде загрозено нашето постоење

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Русија ќе користи нуклеарно оружје, само ако нејзиното постоење е загрозено. Песков наведува дека целта на руската инвазија на Украина не е окупација на земјата, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Рускиот портпарол вели дека никој не мислел оти специјалната воена операција во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања сѐ уште е планирана. Запрашан за нуклеарното оружје, кое постојано се прашува од почетокот на руската инвазија, Песков рече дека Русија ќе го користи само ако нејзиното постоење е загрозено.

Текстот Песков: Ќе користиме нуклеарно оружје, само ако биде загрозено нашето постоење е превземен од МАКФАКС.