Песков: Шолц на 15 февруари со Путин во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц ќе разговараат во Москва на 15 февруари, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, лидерите ќе одржат значителни билатерални настани,разговори и прес-конференција за резултатите од средбата, пренесе ТАС С.

Неименуван функционер од германската влада претходно денеска изјави дека Шолц за две недели ќе биде во Киев и Москва.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ вчера објави дека Шолц се очекува да биде во Москва на 15 февруари, а завчера во Киев.

Текстот Песков: Шолц на 15 февруари со Путин во Москва е превземен од МАКФАКС.