Петар Колев за БНР: Македонската страна не е искрена во своите намери кон Бугарија

/

„Македонското општество нема идеја за моменталните политички струи во Бугарија, за расположенијата, за политичките позиции во Бугарија. Во Македонија се создаваше вештачка еуфорија дека нешто ќе се случи“, вели во интервју за Бугарското национално радио, Петар Колев, лидер на партијата Граѓанско демократска унија и поранешен претседател на Здружението за македонско-бугарско пријателство, по повод посетата на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев на Бугарија.

Според него, намерите на македонската страна не се искрени:

„Македонскиот премиер ја проспа рамковната позиција на бугарскиот парламент со месеци. Бугарската позиција е јасна и дефинитивна веќе подолго време. За прв пат, македонскиот премиер се сети дека во Бугарија има претседателска институција “.

Според Колев, постои одредена трезвеност меѓу македонското општество „што почнува да сфаќа дека со лицемерни ставови кон Бугарија работите нема да се одвиваат кон добро“.

“Поразумно е да ги засукаме ракавите и да го завршиме нашиот дел од Договорот за соседство. Не е нормално во 2021 година да продолжуваме со јазикот на омраза … Крајно време е сите Бугари во Македонија да престанат да молчат и да кажат дека сакаме поддршка “, дециден е Петар Колев.

Целото интервју на првиот човек на ГДУ за БНР можете да го слушнете на следниот линк.