Петгодишно дете искасано од кучиња скитници во Тетово, за вакцина против беснило го пратиле во Скопје

/

Детето на главата има три рани, рана околу очите и челото, рана на лицето и гребнатини на повеќе места од телото и нозете. (Фото: Принтскрин од прилог на ТВ 21)

Вчера, 5-годишно дете било нападнато и искасано од куче скитник, додека си играло пред влезната врата од семејната куќа во Мала Речица. Во тој момент се појавиле неколку кучиња скитници кои без некоја причина го нападнале детето и едно го искасало.

„Беше 10.30 часот пред портата кога го нападнале цела глутница кучиња. Среќа што соседот успеал да ги избрка некако. Има каснување на цело тело, на око, на увото, на грбот, на раце и нозе, по телото. Не можев да го подигнам од што го болеше секаде“, изјави мајката Валбона Мемети.

Детето со повеќе рани на главата и телото итно било префрлено во Клиничката болница во Тетово. Во пределот на главата има три рани, рана околу очите и челото, рана на лицето и гребнатини на повеќе места од телото и нозете. Во тетовската Клиничка болница му била укажана прва помош. Раните му биле санирани со повеќе шевови, а бидејќи имало и рани во близината на очите, му бил направен и преглед кај офталмолог.

„Во болница имаше шиење посебно на око, па кај друг лекар за лице, па друго место за грбот. Прими само една вакцина, а за другата против беснило мора да одиме во Скопје затоа што овде ја нема“ вели мајката.
Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: sdk.mk