Петков: Гоце Делчев е дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија

Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија, порача премиерот на Бугарија, Кирил Петков, по повод 150-годишнината од раѓањето, опишувајќи го Делчев како бугарски револуционер.

„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеологија на Македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е еден од личностите што ги прават горди и двата народа“, напиша Петков на официјалната фејсбук-страница на бугарската влада.

Бугарските медиуми пишуваат дека во Скопје, по повод годишнината, ќе пристигне бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска.

Текстот Петков: Гоце Делчев е дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија е превземен од МАКФАКС.